Connect with us

Фудбал

Барселона со нов спонзор на дресот, понудата која ја добиле ретко се гледа во фудбалот?!

Каталонскиот тим Барселона, како и многу други, имаат финансиски проблеми поради пандемијата со коронавирусот. Поради тоа Жоан Лапорта се обидува да го зголеми приходот пред се од спонзорствата. Според одредени информации Барселона добила понуда од компанијата „Најк“, која е веќе спонзор на тимот што се однесува до опремата, новното лого да стои главно на дресот на каталонскиот тим. Ова ретко се случува во фудбалот, речиси и да нема клуб кој на предната страна носи лого од компанија за производство на спортска опрема. Но, Барселона е подготвена да ја разгледа понудата бидејќи наводно од јапонската фирма Ракутен во моментов не добиваат премногу пари. Договорот со оваа компанија истекува во 2022 година, па може да се случи малото лого на Најк на дресовите на Барселона да стане големо и да биде на предноиот дел од дресот.  Барселона има рок до октомври да каже дали ќе ја прифати понудата или не.