Фудбал
ВИДЕО: Шмајхел е херојот, со неверојатна одбрана го спречи Челзи да постигне гол и му донесе историски пехар на Лестер
Екипата на Лестер за прв пат во историјата го освои ФА Купот. Славеше во финалето на „Вембли“ пред 21.000 гледачи со 1:0 против Челзи. Херој на „Лисиците“ е голманот Каспер Шмајхел кој во 88-та минута имаше неверојатна интервенција со што го сочува својот гол и го спречи Челзи да го израмни резултатот. Со ова тој директно влијаеше во освојувањето на пехарот.