Фудбал
Барселона му подготвува отказ, а Куман вели: Невозможно е да се игра без Меси! Дали тренерот знае нешто повеќе?
Барселона синоќа ја заврши трката за шампионската титула на едно коло до крајот откако на домашен терен загуби од Селта со 2:1. Раководството на клубот подготвува отказ за Роналд Куман, а тој по мечот даде интересна изјава која навивачите ја протолкуваа како можно заминување на Меси.
-Играње без него е невозможно за овој тим. Постигна 30 гола оваа сезона, донесе толку многу бодови како и порано. Очекуваме да остане, но тоа е прашање за Лео. Моето прашање е следно. Ако не е тука Лео и си замине од тимот, кој играч ќе даде 30 гола за Барселона?, истакна Куман.
Дали Куман знае нешто повеќе, ќе биде веројатно познато во текот на летниот преоден рок.