Connect with us

Фудбал

Јувентус ги претстави дресовите за новата сезона, навивачите воодушевени од дизајнот

Викендов се играат натпреварите од последното коло во италијанската Серија А, а фокусот е на тимот на Јувентус, кој се бори за пласман во Лигата на шампионите.

Старата дама во моментов е петта на табелата и во последното коло треба да победат и да го чекаат неуспехот на Наполи или Милан за да можат да ја спасат оваа сезона и да се пласираат во Лигата на шампионите.

Јувентус веќе се подготвува за новата сезона и денес официјално го претстави првиот сет на дресови за следната сезона.

Дизајнот на новиот дрес подготвен од „Адидас“ ги воодушеви навивачите кој конечно се врати на традиционалниот изглед на дресот на Јувентус.

Интересно, Кристијано Роналдо беше меѓу играчите кои го презентираа дресот, што е добра вест за навивачите бидејќи тоа може да значи дека Португалецот ќе остане во клубот од Торино на крајот од сезоната.

Новите дресови на Јувентус изгледаат навистина одлично и ќе биде интересно да се види дали Роналдо ќе игра во него или ќе послужи да позира само пред новата сезона.

Веќе неколку недели се шпекулира за заминување на Роналдо, а многумина се сигурни дека тој ќе го напушти Јувентус доколку овој клуб не избори место во Лигата на шампионите.

Вчера Португалецот повторно се најде во центарот на вниманието откако беше објавено видео од камиони со неговите автомобили, за кои многумина сметаа дека се подготвува да замине.

Сепак, фактот дека скапите автомобили на Роналдо синоќа го напуштија Торино со камиони не значи дека Португалецот го напушта овој град.

Неколку релевантни медиуми во Италија дознаа од извори блиски до играчите на Јувентус дека Роналдо обично испраќа автомобили на различни дестинации во овој период од годината.

„Кориере Торино“ известува дека Роналдо ги „спакувал“ своите автомобили од причини за одржување бидејќи повеќето од неговите возила обично се проверуваат во Германија.

Еден од неговите соседи, Лучијано Сароглија, изјави за „Радио Пунто Нуово“ дека автомобилите на Роналдо најверојатно ќе бидат вратени во гаражите на неговата вила во Торино и дека Роналдо е „одличен сосед кој не го нарушува мирот и не се забавува ноќе“.