Connect with us

Фудбал

Пол Погба маршираше со знамето на Палестина на „Олд Трафорд“

Францускиот репрезентативец Пол Погба ја поддржа Палестина.

По натпреварот од 37. коло на Премиер лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Фулам (1:1), Погба маршираше на „Олд Трафорд“ со палестинско знаме во рацете.

Тој е само уште еден во низата одлични играчи на англиски тимови кои застанаа на страната на Палестина. Пред него тоа го сторија Ријад Махрез, Садио Мане, Мохамед Салах …

На овој начин Погба изрази солидарност со палестинските жртви по конфликтот со Израел, кој трае со денови и кој, за жал, станува се поинтензивен.

Неодамна, играчот за врска на Манчестер Јунајтед испрати и порака посветена на Палестинците на Инстаграм.

„На светот му требаат мир и љубов. Бајрам доаѓа наскоро, ајде да се сакаме“, рече Погба со хаштагот “Моли се за Палестина”.