Connect with us

Фудбал

Серхио Агуеро во Барселона до 2023-та, но тоа не е се, во Каталонија ќе „пукне“ уште една „бомба“

Новинарот Фабрицио Романо кој во минатото се покажа како добро информиран кога се во пршање трансферите тврди дека се е готово помеѓу Барселона и Серхио Агуеро. Договорена е соработка до 2023-та година, а тој секако ќе биде промовиран по финалето во ЛШ, каде неговиот сегашен клуб Манчестер Сити игра против Челзи.

Романо воедно тврди дека тоа не е се од Барселона. Како што вели тој  каталонскиот тим е многу блиску до договор со Мемфис Депај од Лион.