Фудбал
Давид Алаба е новиот играч на Реал Мадрид!
Давид Алаба е новиот фудбалер на Реал Мадрид.
Кралскиот клуб денес објави дека 28-годишниот дефанзивец потпишал петгодишен договор и ќе биде претставен по завршувањето на Европското првенство.
Comunicado Oficial: Alaba.#RealMadrid | #WelcomeAlaba
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 28, 2021
Алаба се приклучува на Реал Мадрид од Баерн Минхен, каде помина 13 години и се стекна со голема слава во баварскиот клуб.
? #WelcomeAlaba pic.twitter.com/acS6QDtNkb
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 28, 2021
Се очекува 28-годишниот фудбалер да заработува околу 12 милиони евра по сезона во Реал Мадрид.
Одличниот дефанзивец освои апсолутно се што можеше со тимот на Баерн во изминатата деценија и стана вистинска икона на клубот.
Австриецот одигра вкупно 431 натпревар за баварскиот гигант и постигна 33 погодоци.