Фудбал
Алегри го отпиша Роналдо, но Јувентус има проблем, никој не го сака?!
Нов тренер на Јувентус во новата сезона ќе биде Масимилиано Алегри. Италијанските медиуми пишуваат дека тој нема да смета на услугите на Кристијано Роналдо. Тоа наводно му го соопштил на раководството, бидејќи сакал да го форсира Паоло Дибала. Но, проблем за Јувентус е тоа што засега нема ниту една понуда за Роналдо. Тој најмногу би сакал да заигра повторно за Манчестер Јунајтед, но неговата плата од 31 милион евра на годишно ниво е вистински проблем
Роналдо е во Јуве од 2018-та година, а претходните три сезони одигра 133 мечеви и постигнал 101 погодок.