Connect with us

Фудбал

Светски медиуми: ПСЖ почна преговори со Кристијано Роналдо

Францускиот прволигаш ПСЖ почна преговори во обид да ги засили своите редови со напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, јавија денеска светските медиуми.

ПСЖ воспоставил контакт со менаџерот на португалскиот фудбалер, Жорж Мендеш, иако преговорите со Јувентус официјално сè уште не се почнати.

Роналдо има договор со италијанскиот прволигаш до јуни 2022 година, но според медиумските извештаи, повратникот на тренерската клупа Масимилијано Алегри дал дозвола клубот да го продаде португалскиот капитен во летниот преоден рок.

Годишната плата на Роналдо во Јувентус изнесува 31 милиони евра.