Фудбал
Лацио на феноменален начин го претстави Сари како нов тренер
Маурицио Сари (62) вчера потпиша двегодишен договор со Лацио.
Тимот од „Олимпико“ на одличен начин објави дека Сари е новиот тренер на клубот.
Тие објавија емотикон запалена цигара на Твитер, а како што е познато дека Сари е страствен пушач, јасно е дека тој е новиот тренер на клубот.
?
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) June 9, 2021
Сари потпиша двегодишен договор со Лацио вреден три милиони евра по сезона со можен бонус од еден милион евра во зависност од резултатите. Тој го замени Симоне Инзаги на клупата кој го презеде Интер.
Искусниот стручњак се врати на тренерската активност по пауза од една година, а во претходниот период беше на платен список на торински Јувентус.