Connect with us

Фудбал

Модриќ ги врати англиските новинари на „фабрички поставки“

Денешната програма на Европското првенство започнува со дуел помеѓу Англија и Хрватска. Англичаните влегуваат во овој судир како фаворити, но Хрватска не треба да биде отпишана.

Избраниците на Златко Далиќ се полни со оптимизам во пресрет на денешниот дуел, а капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ верува дека ќе може да ја контролира играта.

„Видете, очекувам пред се агресивна Англија. Таа игра пред својата публика и нормално е дека ќе тргне во офанзива. Таа е мотивирана, но и ние ќе бидеме. Ќе се обидеме да го испочитуваме договорот од соблекувалната и на крајот ќе видиме дали ќе биде доволно. Верувам дека ќе знаеме како да ја контролираме нивната агресивност и офанзивност и дека ќе ја контролираме играта. Подготвени сме, добро работевме и се подготвувавме за Англија за овие седум дена“, рече Лука Модриќ.

Англиските новинари го замолија Модриќ да им каже за тактиката, а неговиот одговор ги остави без зборови.

„Вие би сакале сега да ви ги откријам и нашите тактики (се смее). Не би навлегувал во детали, добро се подготвивме, селекторот ни кажа што да правиме и се надевам дека ќе го покажеме тоа на терен. Ќе се обидеме да ги искористиме слабостите на противникот, ќе видите во текот на натпреварот. Не можам да ви го кажам тоа“, заклучи Модриќ.

Што се однесува до составот на Хрватска, се поизвесно е дека Далиќ ќе направи неколку измени, пред се во офанзивниот дел.

Така, во самиот врв на нападот најверојатно ќе игра Ребиќ наместо очекуваниот Петковиќ, додека Крамариќ најверојатно ќе стартува на десното крило.

Во одбраната, Гвардиол најверојатно ќе биде на левата страна наместо Борна Баришиќ. Ливаковиќ, Врсаjко, Вида и Шалета-Кар се сигурни во составот, како и Брозовиќ, Модриќ, Ковачиќ и Перишиќ.