Фудбал
Верати играше против јуниорите на Пескара, па Манчини го врати во првиот тим на репрезентацијата
Репрезентацијата на Италија во петокот убедливо го совлада турскиот тим со 3:0 во Рим.
„Азурите“ на најдобар начин го отворија Европското првенство и стигнаа до сигурна победа против Турција во првото коло, и покажаа зошто се едни од фаворитите за освојување на златниот медал.
Мечот против Турција го пропушти играчот за врска Марко Верати, кој има проблеми со повредите.
Верати се повреди на крајот на сезоната во дресот на ПСЖ, но сепак беше на списокот на Роберт Манчини за Европското првенство.
Интересно, резервните играчи на италијанската репрезентација кои се резервирани за повик доколку некој биде повреден, вчера одиграа пријателски натпревар против јуниорскиот тим на Пескара.
Верати исто така одигра 20-тина минути на овој натпревар, а наскоро после тоа Манчини реши даго приклучи овој играч за врска во првиот тим на италијанската репрезентација.
Ова значи дека Верати ќе тренира со првиот тим во наредните денови и како што стојат работите тие ќе бидат подготвени за натпреварот против Швајцарија кој се игра во среда.
Се очекува Верати да остане на клупата бидејќи не е подготвен да го започне натпреварот, но Манчини најверојатно ќе му даде шанса да запише минутажа.
#Azzurri ??
⚽️ All the goals from a training game at Coverciano that saw Marco #Verratti get 20 minutes of action with his former side.
Thanks to @PescaraCalcio Primavera for providing a stern test ?#ITA #EURO2020 pic.twitter.com/ebcQtXG21b
— Italy ⭐️⭐️⭐️⭐️ (@azzurri) June 13, 2021