Connect with us

Фудбал

По инцидентот на ЕУРО, Арнаутовиќ чека неочекуван пресврт во кариерата

Австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ се најде во центарот на вниманието на ЕУРО.

Не станува збор за партии на терен, туку за пцуење упатено до Езџан Алиоски, репрезентативецот на Македонија.

Невремето малку се смири, Аранутовиќ беше санкциониран, а сега се подготвува за пресврт во кариерата.

Имено, Аранутовиќ имаше скоро се што беше договорено со Болоња, но Бешикташ се приклучи на приказната во последен момент и сега го посакува австрискиот репрезентативец во своите редови.

Актуелните шампиони на Турција сакаат да го засилат нападот пред предизвиците во Лигата на шампионите, Аранутовиќ е прва мета.

Имаше епизода во Кина, тој сега е подготвен да се врати во Европа, а дали ќе го гледаме во редовите на турскиот гигант или Серија А, би можеле да добиеме одговор веднаш по ЕУРО, каде Австрија очигледно ќе игра нокаут фаза

Споменатиот напаѓач извесно време беше желба и на Црвена Звезда, но не беше постигнат договор.