Фудбал
ВИДЕО: Тоа е (не) квалитетот на македонскиот фудбал, Шкендија елиминирана и од Конференциска лига, нема постигнато ниту еден гол
Македонскиот фудбалски првак Шкендија ги заврши настапите во евро-куповите, откако во Скопје доживеа елиминација во 2. коло од Конференциската лига.
Тетовци по неуспешните квалификации во Лигата на шампионите ова лето, добија шанса за поправен во 2. коло од новоформираното натпреварување на УЕФА, но повторно претрпеа два пораза, овој пат од летонска Рига.
Реваншот одигран вечерва на „Тодор Проески“ заврши 1:0 за гостите со голот на Микаел Соисало (52. минута), додека во Летонија беше 2:0.
Ништо подобро не помина ниту Шкупи. Тимот од Чаир на гостински терен загуби од Санта Клара со 2:0, па со вкупни 5:0 исто така доживеа елиминација. Македонија веќе нема претставници во европкуповите.