Фудбал
Навивачите на Вест Хем дивееле во Загреб, еден повреден
Вечерва Динамо Загреб го пречекува Вест Хем во рамките од Лига Европа. Мечот се игра во 18:45 часот, а се чини дека атмосферата е вжештена неколку часа пред почетокот.
Имено, како што информираат тамошните медиуми, во текот на ноќта, во една од улиците во Загреб навивачите на Вест Хем нападнале двајца граѓани на Загреб.
– Полициските службеници навремено, користејќи средства за принуда и палки, издвоија и приведоа четворица британски државјани на возраст од 23, 20, 25 и 23 години, кои беа во група која користејќи предмети (столови, чаши, шишиња) нападна двајца хрватски државјани на возраст од 26 и 21 година. Бидејќи 26-годишникот беше повреден, повикана е брза помош, додека 21-годишникот нема повреди, стои во полицискиот извештај.