Connect with us

Фудбал

Со Арапите нема лабаво: Братот на сопственикот на ПСЖ со предупредување до Покетино-Лондон е убав град, го знаеш тоа!

Бура реакции предизвика синоќа измената на Покетино, кога од игра го извади Лионел Меси. Но, на крајот се покажа како добра одлука, бидејќи играчите кои влегоа од клупата, пред се Икарди, донесоа победа против Лион од 2:1.

На својот твитер профил Калид Бин Хамад Калифа ал Тани, инаку брат на катарскиот емир, кој е сопственик на ПСЖ испрати интересна порака до Покетино, која беше окарактеризирана како закана.

-Лондон е убав град, го знаеш тоа.

Ова секако се однесува на Покетино кој токму од Лондон, поточно последен пат беше тренер на Тотенхем, пред доаѓањето во ПСЖ.