Фудбал
Голем хендикеп за Динамо Загреб, но и Македонија, еден од најдобрите поради повредата ќе го нема подолго време
Лоши вести стигнаа од Загреб, а кои секако се поврзани и со македонската фудбалска репрезентација. Имено, Аријан Адеми, еден од нашите најдобри репрезентативци се повреди на мечот со Германија. Според информациите од Загреб, Адеми ќе го пропушти остатокот од есенскиот дел на сезоната за Динамо Загреб, а тоа значи дека најверојатно нема да биде во можност да настапи ниту за Македонија на квалификациските мечеви во ноември против Ерменија и Исланд.
По враќањето во Загреб, му бил направен детален преглед, кој покажал дека ќе мора да паузира од фудбалот во наредните два месеци. Динамо Загреб соопшти дека Адеми си го повредил зглобот.
Македонија следниот месец ќе ги одигра последните два меча во квалификациите за пласман на СП против Ерменија и Исланд, што значи дека Адеми нема да биде во можност да помогне.