Фудбал
ВИДЕО: Верона со два црвени картони го сопре Наполи и Елиф Елмас
Екипата на Наполи е се уште без пораз, но го одигра второто реми на последните четири меча. На домашен терен одиграа 1:1 против Верона која мечот го заврши со два црвени картони.
Во 13-та минута гостите поведоа со голот на Симеоне, негов девети оваа сезона, со што се најде на второто место на листата на стрелците. Сепак, израмнувањето стигна пет минути подоцна кога Ди Лоренцо погоди за 1:1. Овој резултат остана актуелен до крајот на мечот.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 62-та минута, но не успеа да помогне на својот тим да стигне до нова победа. Наполи се уште е лидер со 32 бодови, еден повеќе од Милан, кој вечерва го игра дербито против Интер. Токму „Нероаѕурите“ се на третото место со 24 бодови.