Connect with us

Фудбал

Нема шега со него, Чави го одработе првиот тренинг и отпиша шест играчи!

Легендарниот фудбалер по шест години минати во катарскиот Ал Саад се враќа на Камп Ноу и за него ова е прв голем тренерски предизвик.

Јасно е дека се очекува Чави да ја врати Барселона на самиот врв, но сигурно дека нема да му биде лесно и покрај се што се случува во овој клуб.

Чави утрово го одработи првиот тренинг со тимот на кој настапија фудбалери кои не одеа на репрезентативните собири. Тренингот започна во 11 часот, а пред тоа на играчите им се обратија Чави и Лапорта.

Повеќето дури дојдоа на тренинг два часа порано, што најдобро покажува дека имаат голема почит кон својот нов тренер.

Шпанските медиуми со денови шпекулираат какви кратења ќе направи Чави во јануари бидејќи сигурно е дека ќе донесе некои нови засилувања колку што му дозволуваат финансиите.

Исто така, се очекуваат одредени заминувања од Барселона, а медиумите во Шпанија наведуваат дека тој веќе отпишал шест играчи.

Наводно, Чави му рекол на Лапорта дека нема сериозно да смета на Умтити, Ленглет, Нето, Кутињо, Лук де Јонг и Брајтвајт и дека тие би можеле да го напуштат клубот веќе во јануари.