Connect with us

Фудбал

Дали „Златната топка“ го губи кредибилитетот, жестоки критики откако победи Лионел Меси

Првотимецот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси е добитник на „Златната топка“ за 2021 година, а по рекорден седми пат е прогласен за најдобар фудбалер на светот.

Прославениот аргентински фудбалер доби повеќе гласови во трката за „Златната топка“ од Роберт Левандовски и Жоржињо, кој со Челзи ја освои Лигата на шампионите и со репрезентацијата на Италија титулата европски првак.

Навивачите ширум светот негодуваат на овој избор. Тие сметаат дека ова престижно признание требало да му припадне на Полјакот Роберт Левандовски, кој во претходниот период доминираше на Стариот континент, а не на „најдобриот играч на Копа Америка“.

Меси за оваа година не покажа многу на клупско ниво, туку беше најдобар на Копа Америка, во дресот на Аргентина каде го освоија пехарот.

Од друга страна, пак, Роберт Левандовски имаше фантастична година зад себе, како и Жоржињо, но сепак тие завршија зад Меси. Критиките се дека Копа Америка станала позначајна од Лигата на шампионите и титулата Европски првак.

Критики имаше и од легендарниот Икер Касиљас, а играчот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос дури рече дека повеќе заслужува „Златната Топка“ да ја освои Карим Бензема, отколку Лионел Меси, кој во дресот на Реал Мадрид има подобар учинок.