Connect with us

Фудбал

Почнува лудилото наречено Њукасл: „Тие се најбогатите луѓе што некогаш сум ги видел“

Њукасл Јунајтед се уште е без победа во Премиер лигата.

Екипата од „Ст. Џејмс Парк“ е на последното место во Премиер лигата со само седум бодови и до крајот на сезоната ги очекува борба за опстанок.

Сепак, таа борба ќе биде многу олеснета бидејќи Њукасл неодамна стана најбогатиот тим во светот откако беше преземен од саудиското кралско семејство.

„Голем шопинг“ се очекува да започне веќе во јануари, а менаџерот Еди Хау ќе има на располагање огромни средства.

Ова го откри поранешниот англиски фудбалер Џо Кол, кој ја објави и цифрата која ќе биде потрошена за засилувања.

„Њукасл ќе потроши огромна сума за нови играчи. Таа бројка ќе биде помеѓу 200 и 300 милиони фунти само во јануари. Сопствениците не го презедоа клубот за да си играат“, изјави Кол и додаде:

„Тие се најбогатите луѓе што сум ги видел и убеден сум дека ќе следи големо купување. Ќе дојдат четворица или пет фудбалери. Штом дојде првата победа, тогаш ќе тргне напред“, изјави Кол.

Тој е убеден и дека Еди Хау е вистинскиот човек за позицијата менаџер на Њукасл.

„Тој добро ја познава лигата и играчите. Тој е вистинскиот човек за оваа работа“.

Многубројни фудбалери се поврзуваат со доаѓањето на „Ст. Џејмс Парк“, но ќе видиме кој всушност ќе го носи дресот на Њукасл во јануари и како овој тим ќе ја заврши сезоната.