Фудбал
Ништо ново во Шпанија: Кикс на Барселона и нова повреда на Дембеле
Осасуна и Барселона одиграа 2:2 во 17. коло од шпанската Примера.
Деветнаесетгодишниот Нико ја доведе Барселона во водство во 12. минута, а само минута подоцна израмнувачкиот гол за домаќините го носи Гарсија.
На отворањето на вториот дел уште еден 19-годишник постигна гол за Барселона и донесе ново водство на „блауграните“. Езалзули погоди во 49. минута.
И кога се чинеше дека Барселона ќе забележи тешка, но вредна победа, но во 87. минута една одбиена топка стигнува до Чими Авила кој ги постави конечните 2:2.
Треба да се спомене и дека Осман Дембеле заработи нова повреда, која мораше да јго замени Филипе Кутињо во 81. минута.
Така продолжи серијата лоши резултати на Барселона и моментално овој тим е на осмата позиција со 24 бода, само два повеќе од актуелниот противник, кој е десетти.
Во следното коло Барселона ќе го пречека Елче, додека Осасуна гостува кај Хетафе.
Претходно денеска Виљареал го совлада Рајо Ваљекано со 2:0, натпреваротр Бетис и Сосиеада започна во 18:30 часот, додека Реал и Атлетико Мадрид ќе играат дерби рунди од 21 часот.