Connect with us

Фудбал

Пораз на Наполи и одлична можност за Интер

Наполи беше поразен од Емполи во 17. коло во Серија А.

Ова беше одлична можност за наполитанците да се израмнат на првото место со Милан, но нема да има ништо од тоа.

Домаќинот имаше подобри шанси во првото полувреме. Елмас ја погоди пречката во 23. минута, а дваесет минути подоцна шутираше Лозано, но се истакна голманот на гостите.

На отворањето на вториот дел имаше шанси на двете страни. Ди Лоренцо се закани за Наполи, а Кутроне за Емполи.

Во 62. минута можеби клучниот момент на натпреварот. Жесус постигна гол за Наполи, но беше поништен со интервенција на ВАР.

Гостите како да стекнаа психолошка предност која ја крунисаа со голот на Кутроне во 71. минута.

Две минути подоцна Петања шутира, но ја погодува стативата на Емполи и треба да се напомене дека домаќинот денеска немаше среќа.

Ова ќе биде одлична можност за Интер, кој вечерва со победа над Каљари може сам да избие на првото место во Серија А.

Ова е вредна победа и за Емполи, кој сега е на високото седмо место со 26 бодови.

Вреди да се напомене дека мечот штотуку го завршија Сасуоло и Лацио, а домаќинот по пресвртот славеше со 2:1.