Фудбал
Кардиологот на Агуеро објасни сè: Обичните луѓе не можат да го имаат овој проблем
Серхио Агуеро на вчерашната прес-конференција објави крај на кариерата.
Поради проблеми со срцето, славниот Аргентинец не е во можност да продолжи професионално да се занимава со фудбал, па ја донесе одлуката која беше очекувана.
„Ова е многу тежок момент за мене. Решив да престанам да играм фудбал. Моето здравје е на прво место. Знаете за проблемот што го имам. Одлуката ја донесов пред десетина дена“, изјави вчера Агуеро.
„Уште од својата петта година сонував да играм во прва лига, никогаш не мислев дека ќе стигнам во Европа. Ти благодарам Индепендиенте, ти благодарам Атлетико што се обложи на мене на 18 години, благодарам на луѓето во Манчестер Сити и благодарам на Барселона, еден од најголемите клубови во светот. Благодарам на репрезентацијата на Аргентина, која најмногу ја сакам“.
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 15, 2021
Мигел Вегас, кардиолог кој е кај Агуеро од 2004 година, ја објасни неговата состојба и истакна дека обичните луѓе не можат да го имаат тој проблем.
„Агуеро има ваков тип на аритмија, што во некои случаи може да доведе до срцева слабост. Таква аритмија не може да се развие кај обичните луѓе. Карактеристично е само за спортистите чие тело со години е изложено на голем напор“, велат од Вегас.
„Серхио има мала лузна на срцето, пократка од милиметар, што ги создава споменатите аритмии. Тоа можеме да го решиме со поставување катетер. Агуеро ќе живее сосема нормално, ќе може да спортува, но рекреативно. Професионалните спортови се нешто друго. Тоа се повеќе часовни секојдневни напори, а тој и неговото срце не се подготвени за тоа. Мораше да ја донесе оваа одлука, можеше да биде полошо“.
Аугеро заминува во пензија како еден од најдобрите напаѓачи во својата генерација со над 400 постигнати голови и 21 освоен трофеј, од кои пет титули во англиската Премиер лига и Копа Америка.
Штета што никогаш во кариерата ја нема освоено Лигата на шампионите, а најблиску беше годинава кога во финалето со Сити беше поразен од Челзи (1:0).