Connect with us

Фудбал

Крос сака да остане во Реал до крајот на кариерата

Тони Крос јасно истакнува дека сака да ја заврши кариерата во Реал Мадрид.

Крос има договор со Реал до 2023 година и очигледно се чувствува убаво во Мадрид.

Тој истакнува дека не размислува за трансфери пред крајот на кариерата.

„Јасно кажав дека сакам да ја завршам кариерата овде. Можеби во 2023 година, можеби година или две подоцна“, изјави германскиот репрезентативец.

Тој додаде дека има нешто неверојатно со Реал и дека сака така да биде и во иднина.

Овој германски играч за врска е стандарден член на првата постава на кралевите откако поради повреда го пропушти стартот на сезоната.

Реал е лидер на табелата со 49 бодови, додека Севиља има 44.

Вечерва во Саудиска Арабија се игра финалето на шпанскиот Суперкуп помеѓу двата големи ривали Реал и Барселона.