Connect with us

Фудбал

Феран Торес исмеан по дебито за Барселона

Шпанскиот репрезентативец Феран Торес синоќа дебитираше за Барселона.

Барселона го донесе Торес за 55 милиони евра од Манчестер Сити, но на нивниот прв меч крилниот напаѓач не покажа многу, па фудбалските фанатици најмногу на социјалните мрежи истакнуваа дека тоа е вистински неуспех, иако секако е лудо да се носат вакви заклучоци по еден натпревар.

„Ова е едно од најлошите дебиа што сум ги видел“, напиша еден корисник на Твитер.

Друг додава дека „Сити ја ограбил Барселона продавајќи го Торес за 55 милиони евра“.

„Нема шанси овој човек да вреди толку пари, тој не се видел себеси против Реал“, додава трет.

Сепак, има и такви кои застанаа во одбрана на фудбалерот, велејќи дека ова е негов прв натпревар по четири месеци и дека ќе треба малку време да ја достигне вистинската натпреварувачка форма.

Зборувајќи по неговото прво Ел Класико како главен тренер на Барселона, Чави му даде целосна поддршка на Торес.

„И Феран Торес и Педри ќе бидат многу важни, но им недостига ритам… истото важи и за Ансуа Фати“, рече Чави.

Да потсетиме, Барселона во Саудиска Арабија по продолженијата беше поразена од Реал Мадрид со 3:2 и со тоа остана без шанса да се бори за трофејот во шпанскиот Суперкуп. Реал во финалето ќе игра со победникот од дуелот Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао.