Фудбал
Барселона најде ново засилување, потполно бесплатно, во Англија?
Се чини дека Барселона се насочи кон ново засилување во актуелниот европски првак, Челзи.
На мета на Каталонците е долгогодишниот фудбалер на оваа екипа, Цезар Аспиликуета, чиј договор со Сините истекува на крајот од сезоната, кој се уште не е продолжен.
Барселона со реализација на овој трансфер бесплатно би добила квалитетен фудбалер, а наводно и самиот Цезар Аспиликуета нема ништо против неговото доаѓање на Ноу Камп.
Според шпанските новинари, преговорите веќе се започнати, а Барселона е подготвена да му понуди на Цезар двегодишен договор со опција за продолжување на уште една.
Да додадеме дека искусниот шпански фудбалер во Челзи пристигна во 2012 година од Марсеј, а настапуваше и за Осасуна од која си замина во 2010 година.
За Челзи одигра вкупно 456 натпревари, постигна 14 гола и додаде 56 асистенции. Сезонава за Челзи одигра 27 натпревари на кои забележа три асистенции.
Треба да се спомене дека Барселона е заинтересирана за уште еден играч на Челзи чиј договор истекува на крајот на сезоната, а тоа е Андреас Кристенсен.
Неговиот договор истекува на крајот од актуелната сезона, а од 1 јануари е слободен да преговара со други клубови. Иако преговорите беа во напредна фаза, Кристенсен доби уште една интересна опција денеска да ја продолжи кариерата.
Имено, откако Суле ги извести челниците на Баерн дека го напушта клубот на лето, баварскиот тим се вклучи во борбата за доведување на Кристенсен, па нема да биде ни чудо да го видиме Данецот на Алијанц Арената.