Фудбал
Му барале пари за да игра за репрезентацијата, а сега го молат и го добиваат истиот одговор
Тоа што многу фудбалски федерации ширум светот се корумпирани не е ништо ново.
Најмногу скандали се бележат во Африка, пред се поради неорганизираност и личен интерес, па на крајот трпат фудбалерите.
На африканскиот куп на нации можеби најголемото разочарување е репрезентацијата на Гана која веќе е елиминирана во групната фаза.
За Гана и овојпат не играше Мохамед Салису, одличниот стопер на Саутемптон, кој англискиот клуб пред две сезони беше платен 12 милиони евра на Реал Ваљадолид.
Пред да се појави на големата сцена, тој имаше можност да игра за У17 репрезентацијата на Гана. Иако задоволен во подготвителниот период, на крајот не играше.
Потоа беше побарано да плати одредена сума пари за да се најде на конечниот список. Не платил и не бил повикан во тимот.
Откако почнал да игра во Лига пет од фудбалскиот сојуз на Гана почнале да му се јавуваат и да го молат да игра за репрезентацијата, но тој упорно ги одбивал.
Последен кој се обидел да го убеди бил Алхаџи Грунаш, директорот на тимот на Кинг Фајсал, но добил одговор воопшто да не се меша во неговиот случај.
Салису е стандарден во Саутемптон оваа сезона со дури 21 настап во Премиершип и нема сомнеж дека би бил од голема корист не само за репрезентацијата на Гана, туку и за некои посилни репрезентации.