Connect with us

Фудбал

Меси се разбуди: Два мајсторски потези во дербито, голот е мала магија (ВИДЕО)

ПСЖ во дербито од 23. коло на Лига 1 води против Лил со резултат 1:4..

Во многу отворен натпревар, принцовите ги искористија своите шанси, а вечерва одличен е Лионел Меси.

Тој му асистираше на Кимпембе за гол во 32. минута, а потоа мајсторски погоди во 38. минута.

По грешка на одбраната на Лил, Меси зеде една топка, а потоа со итар удар го совлада голманот Грбиќ.

Би рекле малку магија во режија на Лионел Меси, а голот погледнете го во видеото подолу.