Connect with us

Фудбал

Донарума: Само ми се јавија да ми кажат дека имаат нов голман

Голманот на Пари Сен Жермен и најкорисен играч на последното ЕУРО, Џанлуиџи Донарума зборуваше за контроверзната разделба со Милан ова лето.

– Можам само да му се заблагодарам на клубот за се што направи за мене. Напредував и како маж и како фудбалер во Милан. Но, сите ме обвинуваат за разделбата, не размислувајќи за тоа што се случи на другата страна. Последниот повик што го добив од луѓето од клубот беше дека ми кажаа дека потпишале со друг голман. И така се заврши – изјави Донарума .

Најдобриот голман во изборот на „Франс фудбал“ го напушти Милан како слободен играч, бидејќи упорно одбиваше да го продолжи договорот со клубот. Затоа не остана во најдобро сеќавање на навивачите, кои достојно го исвиркаа на Сан Сиро кога играше за Италија.