Connect with us

Фудбал

Мане: Многу сум тажен поради Салах, не ми се допадна да славам пред него

Шампионот на Африканскиот куп со тимот на Сенегал, Садио Мане зборува за својот соиграч во Ливерпул Мохамед Салах кој беше на поразената страна во финалето на турнирот. Сенегал го победи Египет на пенали, а Мане го реализираше победничкиот пенал.

Сепак, Сенегалецот изјави дека е внатрешно тажен што Салах не успеал да го освои Купот. Мане рече дека не му е задоволство да ја прослави титулата пред „еден од неговите најдобри пријатели“.

„Внатрешно, многу сум тажен за Мохамед Салах. Посакувам и двајцата да го освоиме трофејот. Не ми се допадна идејата да славам пред еден од моите најдобри пријатели“, рече Мане, цитиран од 365 Scores Egypt.

Салах веќе се врати во таборот на Ливерпул и може да биде искористен на натпреварот против Лестер, но Садио Мане се уште не се вратил. Во меѓувреме, има информации дека Мане може да го напушти Ливерпул во правец на Реал Мадрид или Барселона.