Фудбал
Конте му задава тежок удар на поранешниот клуб и му го одзема столбот на одбраната
Доаѓањето на Антонио Конте означи нова ера во Тотенхем. Со неговиот ангажман ја покажаа својата сериозност и желба да се вклучат во борбата за титулата во Премиер лигата во наредните сезони.
Сегашниот играчки кадар, сепак, не е доволно добар за највисоките амбиции што ги има лондонскиот клуб. Конте со Челзи веќе го освои англиското првенство, сега ќе се обиде да го повтори и со Тотенхем. За тоа му требаат сериозни засилувања.
Прв на листата на желби за летниот преоден рок е стоперот на Интер, Стефан Де Фрај.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, агентот на фудбалерот на Интер, Мино Рајола, го убедува својот клиент да ја напушти Италија и ова лето да се пресели во Англија.
Конте веќе соработуваше со холандскиот дефанзивец во Интер и беше дел од шампионскиот тим. Значи, Де Фрај е докажан победник и Конте го познава.
Договорот на стоперот со „нероаѕурите“ истекува во летото 2023 година, а досега не сакаше да го продолжи. Де Фрај собра 150 настапи за Интер и го освои скудетото.