Connect with us

Фудбал

„Фудбалерите имаат пари, автомобили, куќи, но ја губат слободата“

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец Вејн Руни проговори за животот на фудбалерот.

Менаџерот на членот на Чемпионшип, Дерби Каунти, добро знае што носи популарноста и славата, а иако постои неподелено мислење дека на фудбалерите со астрономски плати им е лесно, Руни уверува дека реалноста е поинаква.

„Играчите имаат пари, автомобили, куќи, но ја губат слободата“, изјави Руни за Би-Би-Си.

„Многу од нив повеќе би сакале да бидат обични луѓе.“

Трофејниот фудбалер раскажа како еднаш отишол во забавен парк со своите деца.

„Моравме да заминеме по десет минути. Не е дека не сакам да комуницирам со навивачите. Сто пати се фотографирав со нив, но не можев да се грижам за децата. Се обидувате да живеете нормален живот, но тоа не функционира“, изјави Руни , кој покрај Манчестер Јунајтед играше и за Евертон и за ДЦ Јунајтед.