Connect with us

Фудбал

Нови провокации на сметка на Меси: Аргентинецот не личи на себе

Лионел Меси не му оди во дресот на ПСЖ онака како што се очекуваше.

Меси е далеку од формата што ја имаше во Барселона, а имаше и натпревари кои не се типични за еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Лошиот првенствен настап во дресот на ПСЖ предизвика многу коментари, навивачите жестоко го критикуваа Меси, а се појави и една статистика која исто така не му оди во прилог на Аргентинецот.

Имено, играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Фред оваа сезона има постигнато три првенствени гола, а Лионел Меси само два.

Фред веќе подолго време е мета на разни критики од навивачите на Јунајтед, а сега тие изјавија дека еден од нивните најслаби првотимци има подобра статистика од Лионел Меси и на тој начин малку го испровоцираа аргентинскиот фудбалер.

Очигледно е дека Меси во ПСЖ ниту за момент не личи на стариот Меси кој доминираше во дресот на Барселона, а многумина се прашуваат дали ова е крај на неговата кариера или Аргентинецот има уште некоја магија да ни покаже?