Connect with us

Фудбал

Де Хеа се гледа себеси во само еден клуб

Шпанскиот репрезентативец Давид де Хеа не планира ништо да менува.

По нешто послабите резултати на Манчестер Јунајтед, се шпекулираше дека Де Хеа сака да си замине од Олд Трафорд, но ја нема таа намера.

„Се чувствувам како роден во Манчестер! Не се гледам себеси во ниту еден друг клуб – тоа не доаѓа предвид. Ова е мојот дом, каде што секогаш ме сакаат и сметаат на мене“, изјави Де Хеа.

Вреди да се напомене дека Де Хеа стана првиот голман од февруари 2016 година, кој стана најдобар играч на месецот во англиската Премиер лига. Пред Шпанецот, вакво признание последен доби Фрејзер Форстер.

Де Геа со своите одбрани оваа сезона покажа дека е меѓу најдобрите голмани во светот и покрај тоа што одбраната на Јунајтед често капитулира и е далеку од најдобрите одбрани во Англија.