Connect with us

Фудбал

Вирџил ван Дајк смета дека Ливерпул се уште има шанси за титулата

Централниот дефанзивец на Ливерпул , Вирџил ван Дајк призна дека не мисли дека трката за титулата во Премиер лигата е решена. Холанѓанецот ги повика навивачите на Мерсисајд да не престанат да веруваат во тимот.

„Пред неколку години бевме на ова „жешко столче“ – два бода повеќе од второто место. Тогаш беше тешко и не можевме да издржиме. Таквото лидерство е тешко да се нарече удобно. Не е лесно да се справиш со огромната тензија. Но, Манчестер Сити веќе докажа дека е неверојатен клуб и може да прави што сака“, коментира тој.

„Но, ако некој од навивачите повеќе не верува во шампионската трка – не доаѓајте на стадионот и не поддржувајте нè. Мора да верувате дека можеме да победиме и да ја промениме ситуацијата. Имаме уште многу натпревари за да смениме се“, додаде дефанзивецот.

Манчестер Сити моментално има 66 бодови и е водечки во Премиер лигата. Ливерпул има 60 бодови и натпревар помалку.