Фудбал
Во Русија тагуваат, а во Германија слават по одлуката на УЕФА
ФИФА и УЕФА вечерва соопштија дека Русија е елиминирана од сите натпреварувања на национално и клупско ниво.
Така, репрезентацијата на Русија нема да учествува во баражот за Светското првенство кое се игра во Катар следниот месец. Русите требаше да играат против Полска во полуфиналето од баражот, но тоа нема да се случи.
Сепак, не беше казнет само рускиот национален тим, бидејќи УЕФА реши да ја прошири истата одлука што се однесува до клупските натпреварувања.
Така сите руски клубови беа исклучени од европските натпреварувања за оваа сезона. Најмногу ќе настрада московски Спартак кој требаше да игра во осминафиналето на Лига Европа, но тоа нема да се случи.
Но, ваквата вест со ентузијазам беше примена во Германија, поточно во Лајпциг, кој требаше да игра во осминафиналето против Спартак.
По одлуката за исфрлање на рускиот клуб од натпреварувањето, сега е јасно дека Лајпциг оди директно во четвртфиналето на Европската лига.
After Russia's suspension from football, Spartak Moscow are now disqualified from the Europa League with their round-of-16 opponents RB Leipzig advancing into the quarterfinals. pic.twitter.com/3nWGoD8gWd
— B/R Football (@brfootball) February 28, 2022