Connect with us

Фудбал

Манчестер обоен во сино: Граѓаните ги декласираа црвените ѓаволи

Граѓаните раководат со Манчестер, а тоа го докажаа вечерва.

Во дербито од 28. коло Манчестер Сити го совлада Манчестер Јунајтед со 4:1 и остана лидер со шест бода предност пред Ливерпул, но и натпревар повеќе од „црвените“.

Избраниците на Пеп Гвардиола не можеа подобро да го отворат натпреварот.

Се играше петтата минута кога Де Брујне го искористи додавањето на Силва и погоди за 1:0.

Јунајтед играше храбро и офанзивно на почетокот на натпреварот, а тоа вроди со плод во 22. минута. Санчо погоди за 1:1 на асистенција на Погба.

Сепак, Де Брујн одигра одличен натпревар вечерва и во 28. минута повторно погоди овојпат за 2:1, но и за резултатот од првото полувреме.

Во продолжение од натпреварот уште два гола во мрежата на Де Геа.

Де Брујн ја зачини феноменалната игра со асистенција која Махрез ја претвори во гол за 3:1 со прекрасен удар, одигран во 68. минута.

Махрез го постигна својот втор гол во првата минута од судиското продолжение за конечни 4:1, а истиот беше признаен по прегледувањето на ВАР.