Фудбал
Конечно, по пауза од 118 дена Несторовски заигра, Удинезе го прегази Каљари (ВИДЕО)
Удинезе со 5:1 го прегази Каљари на домашен терен во рамките од 31.коло од италијанскаа серија А. Три гола постигна Бето на овој меч, а со оглед на тоа дека ја заврши својата работа, а и Удинезе со 5:1 поведе на 15-тина минути до крајот, тренерот одлучи да му даде шанса и на Несторовски. Македонскиот напаѓач долго време беше повреден, па откако се врати по повредата не одигра ниту една минута. Ова е практично по 118 дена Несторовски прв пат да истрча на теренот на официјален меч.