Фудбал
Шкендија не победи на тетовското дерби, Шкупи може да ја слави титулата
Шкупи на домашен терен со 3:1 беше подобар од Борец, додека Шкендија во тетовското дерби против Ренова одигра само 1:1, па тимот од Чаир полека, но сигурно може да ја слави титулата. Во моментов Шкупи има 65 бодови, Шкендија 52, а до крајот има уште шест кола, па со оглед на формата и распоредот, тешко е дека Шкупи ќе пропушти ваква шанса за титула.
РЕЗУЛТАТИ ПМФЛ:
Работнички – Тиквеш 1:0
Академија Пандев – Пелистер 2:0
Македонија ЃП – Брегалница 1:1
Шкендија – Ренова 1:1
Шкупи – Борец 3:1
Струга – Скопје 1:0
Табела: Шкупи 65, Шкендија 52, Академија Пандев 52, Македонија ЃП 50, Ренова 38, Брегалница 38, Работнички 37, Струга 36, Скопје 26, Тиквеш 24, Борец 15, Пелистер 10.