Connect with us

Фудбал

Сцена која го крши срцето, екс тренерот на Барселона во инвалидска количка излезе на стадионот (ВИДЕО)

Поранешниот тренер на Барселона Хуан Карлос Унзуе се повлече од фудбалот откако пред две години објави дека е тешко болен.

Унзуе беше прв асистент на Луис Енрике во Барселона, а ги водеше екипите на Селта и Жирона. Сепак, на крајот на 2019 година се повлече од фудбалот и набргу потоа откри дека е тешко болен.

Тој потврди на почетокот на 2020 година дека боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС), за која е познато дека нема лек.

После тоа беше јасно дека Унзуе повеќе не може да работи како тренер, а потоа лекарите му рекоа дека му остануваат уште четири години живот, што ја шокираше фудбалската јавност.

Унзуе ретко се појавува во јавноста, но вчера ги изненади сите доаѓајќи на мечот меѓу Осасуна и Алавес.

54-годишниот стручњак веќе подолго време не може да оди и се движи со помош на инвалидската количка во која се појави пред почетокот на натпреварот на теренот. Тој доби овации од трибините на навивачите на Осасуна каде што порасна и го помина најголемиот дел од својата играчка кариера.

Беше јасно колку е емотивно сето тоа за него, особено кога ја виде топката на теренот и даде се од себе да ја шутне и да го изведе ударот што на крајот и успеа.