Фудбал
Лоши вести од Полска, македонскиот репрезентативец ги скина лигаментите
Тихомир Костадинов го чека долга пауза откако во натпреварот против Горник Лечна ги скина лигаментите на коленото.
Костадинов на овој натпревар во игра влезе на полувремето и на теренот беше до 77. минута кога мораше да биде заменет.
Ова е лоша вест и за македонската репрезентација затоа што како што стојат работите Костадинов нема да биде дел од натпреварите во Лигата на Нација против Бугарија, Гибралтар (два натпревари) и Грузија.