Фудбал
Мурињо објави фотографија на Инстаграм, сите зборуваат за ова во Италија
Фудбалерите на Рома синоќа ремизираа на гостувањето кај Наполи со резултат 1:1. Рома успеа да израмни на 1:1 во самиот финиш од натпреварот кога мрежата на Наполи ја затресе Ел Шарави. „Волчицата“ доминираше на теренот во вториот дел и многумина сметаат дека гостите ја заслужија победата. Наполи целосно се повлече во вториот дел, што на крајот го чинеше многу бидејќи остана без победа, што го оддалечи од борбата за титулата.
Рома се обиде да дојде до пресврт во самиот финиш и имаше неколку добри шанси, но на крајот остана 1:1.
По натпреварот во центарот на вниманието беше тренерот на гостинската екипа Жозе Мурињо, кој со својата објава на Инстаграм предизвика лавина од коментари. Португалецот има навистина одлични објави на Инстаграм, а овој пат беше на висината на задачата.
Мурињо во описот напиша дека уживал на стадионот „Марадона“, и дека е горд на своите играчи и дека му е жал што навивачите на Рома не успеале да дојдат на овој натпревар.
Сепак, описот бил сосема „неважен“ поради фотографијата што ја објавил. Тоа е ситуација кога голманот на Наполи го собори Заниоло во шеснаесетникот и беше јасно дека тоа е пенал за гостите, но судијата реши да ја окарактеризира како чиста ситуација.
Мурињо на свој генијален начин кажа што мисли за сето ова, а иронична објава на Инстаграм стана вистински хит.