Connect with us

Фудбал

Бензема всушност се вика Мустафа, а има многу браќа и сестри

Бензема повеќе од десет години го носи дресот на Реал Мадрид, а професионалната кариера ја започна во 2005 година во Лион. Родителите на Бензема се викаат Хафид и Вахида Џебара, а интересно е што средното име на фантастичниот напаѓач е Мустафа. Хафид Бензема е роден во Алжир и емигрирал во Лион во 1950-тите, каде ja запознал Вахида, со која се оженил. Таа е родена во Лион, но по потекло е од Иран.

Карим има дури осум браќа и сестри што звучи малку неверојатно. Неговите браќа се викаат Греси, Сабри и Фарид, а неговите сестри Лидија, Нафиса, Софија, Леетиција и Селија.

Животот за Хафид и Вахида воопшто не им бил лесен бидејќи имале многу деца и живееле во агресивна населба каде имало висока стапка на криминал, но успеале да ги надминат сите тешкотии.

Кога Карим бил помлад, се занимавал со криминални активности, тешко било да се оддалечи од сето тоа, но во тоа успеал неговиот татко Хафид.

Инаку, Хафид ги држел сите свои деца дисциплинирани и под контрола, а Карим само во еден момент успеал да му „избега од раце“, но брзо успеал да го смири.

Сепак, резултатот од дружењето со лошите момци беше скандал со уцената на Матеу Валбуена за секс снимката, за која по долг процес беше прогласен за виновен. Тој е осуден на една година затвор, која ќе треба да ја одлежи во случај да го повтори делото и парична казна од 75.000 евра.

И браќата на Карим, Греси и Сабри, сакаа да станат фудбалери, но не беа ни блиску како ѕвезда на Реал чие богатство се проценува на 70 милиони евра.

Како момче, Бензема бил интровертен, често тивок и не разговарал многу со други луѓе, поради што често бил критикуван дека е непријателски расположен, но всушност воопшто не бил таков.

Поради силниот притисок и се што му се случи, тој стана личност каква што е денес. Омилен и почитуван од сите.