Connect with us

Фудбал

Роналдо до Ливерпул: Еден збор..еден спорт..Глобално семејство, Благодарам „Енфилд“

Кристијано Роналдо на социјалните мрежи се заблагодари на Ливерпул и фановите за гестот кој го направија на дербито пред два дена. Имено, Ронало не настапи на овој меч поради тоа што му почина синот при породување. Имено, тие со Георгина очекуваа близнаци, а за жал преживеало само женското бебе, бидејќи машкото починало.

На дербито, Навивачите на Ливерпул во седмата минута од натпреварот испратија аплауз во знак на почит кон Португалецот.

„Еден збор…Еден спорт…Глобално семејство. Благодарам „Енфилд“ јас и моето семејство никогаш нема да го заборавиме овој момент на почит“, порача Роналдо.