Connect with us

Фудбал

Тренерот на италијанскиот тим ги „воспитува“ играчите со патика, кога ќе се налути е вистнски „лудак“ (ВИДЕО)

Салернитана денеска на својот стадион „Аречи“ ја победи Фиорентина со 2-1 и со три последователни победи стигна до 18. место на табелата и значително им се зголемија шансите за опстанок во Серија А. Тимот предводен од Давиде Никола во последно време игра навистина добро, а 49-годишниот стручњак секој натпревар го води со жестоки емоции.

Често можеме да го видиме како скока и вика покрај клупата на натпреварите. Навистина се грижи да ја остави Салернитана во друштво на најдобрите, а каков ’лудак’ е покажа на денешниот меч против Фиорентина.

Никола беше многу лут на своите играчи. Па ја соблекол патиката, му се заканил на еден од играчите дека ќе го удри, а потоа жестоко ја фрлил на тревникот.

Сепак, неговиот тим на крајот победи. Ова е трет последователен триумф на тимот од Салерно, а до крајот на сезоната имаат многу добар распоред и играат најмногу против клубови со кои се борат за опстанок.