Connect with us

Фудбал

Дадовме се од себе, но но…Тухел потврди дека ѕвездата заминува од Челзи

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел денеска за англиските медиуми потврди дека одличниот дефанзивец Антонио Рудигер одлучил да го напушти клубот од Стемфорд Бриџ. Преговорите на Рудигер со раководството не донесоа резултат, а германскиот фудбалер реши да си замине. Потврда дојде од Томас Тухел.

“Ситуацијата е таква што тој сака да го напушти клубот. Тоа ми го кажа во приватен разговор. Клубот и јас дадовме се од себе да го задржиме, но повеќе не можеме да се бориме за се што се случува”, изјави Тухел.

Рудигер беше поврзуван со голем број клубови, но е најблиску до потпис за Реал Мадрид.

Тој се согласи на намалување на платата за полесно да се договори со Реал и наскоро треба да биде комплетиран неговиот трансфер во редовите на мадридскиот гигант.

Манчестер Јунајтед му понуди најмногу пари на 29-годишниот фудбалер, но Германецот сака да игра во Лигата на шампионите. Се уште е неизвесно за Јунајтед, па Кралевите се истакнаа како логичен избор за овој дефанзивец.

Исто така, ПСЖ и Јувентус се поврзуваа со доведување на Рудигер, но се чини дека тој веќе го избра тимот во кој ќе настапува следната сезона.

Антонио Рудигер пристигна во Челзи во 2017 година од Рома. За Плавци одигра 197 натпревари и постигна 12 гола.