Фудбал
Наполи си изврши „самоубиство“, водеше со 2:0, но за 10 минути кажа „ЧАО“ на Скудетото (ВИДЕО)
Емполи го совлада Наполи со 3:2 во неверојатен натпревар од 34. коло на италијанската Серија А на стадионот „Карло Кастелани“. Наполи на овој натпревар имаше голема предност од два гола на 10 минути пред крајот, но на крајот гостите успеаја да го загубат мечот. Наполи поведе во 44. минута. Дрис Мертенс погоди за 1:0, а кога Лоренцо Инсиње погоди за 2:0 во 53. минута, се чинеше дека се е готово.
Сепак, гостите направија нереални грешки за да му дозволат на противникот да се врати во мечот и да направи пресврт за само неколку минути.
Емполи во 80. минута со голот на Хендерсон доаѓа на 2:1, а три минути подоцна Алекс Мерет прави нереална грешка. Пинамонти го користи тоа и постигнува гол за 2:2.
Голем пресврт се случи во 88. минута. Пинамонти користи одлична топка и погодува за 3:2 за голема радост на домашните навивачи на стадионот „Карло Кастелани“.
Наполи со овој пораз веројатно ја затвори вратата за борбата за Скудетото. Сега заостануваат пет бода зад Интер кој има натпревар помалку.