Фудбал
Ако сака назад во Интер, Лукаку мора да прифати неверојатен услов
Ромелу Лукаку летово го напушти Интер и по втор пат стана играч на Челзи. Белгискиот репрезентативец не се снајде во Лондон и многу би сакал да се врати на „Џузепе Меаца“, што го потврди и во едно интервју, а денеска италијанските медиуми повторно зборуваа на оваа тема.
Имено, тие пишуваат дека Интер е подготвен да му понуди најмногу 6 и пол милиони евра плата по сезона, што е повеќе од двојно помалку од тоа колку заработува во Челзи (14 милиони евра по сезона).
Исто така, Италијанците објавија дека Лукаку веќе разговарал со некои челници и играчи на Интер и јасно им ставил до знаење дека сака да се врати во тимот со кој минатата година ја освои титулата во Италија.
Лукаку оваа сезона за Челзи одигра 39 натпревари и постигна 12 гола, а неверојатен факт е дека се уште е без гол во Премиер лигата во 2022 година, иако ова му е четврти месец по ред.