Фудбал
Камерите сакаа да го снимаат голманот на Интер како плаче, но еден фудбалер застана пред нив (ВИДЕО)
Младиот голман Раду направи катастрофална грешка при 1:1 на мечот Болоња-Интер и тоа во последните неколку минути од наптреварот и практично му подари гол на противникот со кој Интер доживеа пораз. Според многу аналитичари овој пораз може да ги чини и губење на титулата во Италија, иако до крајот има уште четири кола, а Милан е лидер со два бодови предност.
По завршувањето на мечот додека Раду го напушташе теренот камерманот и режисерот на преносот на мечот сакаа да се фокусираат на голманот и да го снимат како плаче, но еден негов соиграч се испречи и не го дозволи тоа. Холанѓанецот Демфрис застана пред камерата и гестикулираше дека тоа не треба да го прават.